Поимник за вино и винарство
аерација (aeration)
дишење на виното, односно изложување на воздух заради ослободување на мирисот и аромата со што се подобрува вкусот на виното
аносмија (anosmia)
губење на чувството за мирис
баланс (balance)
хармонија меѓу киселоста, аромите, алкохолот и танините во виното, по чиешто соединување се добива вистинскиот вкус на виното
барик (barrique)
оригинални дабови буриња со потекло од Бордо - Франција, коишто се користат за одлежување и зреење вино
берба (vintage)
година на флаширање на виното
брут (brut)
француски термин за суво вино како што е шампањ или пенливи вина
буке (bouquet)
арома на виното што ја даваат мирисните состојки на виното, коишто може да бидат земјени, овошни и слично – францускиот термин буке се користи за зреано вино, додека арома се користи за младо вино
буре (barrel)
дабово буре што се користи за ферментирање и зреење вино
винарство (winemaking)
процес на произведување вино
винификација (vinifaction)
види винарство
винологија (vinology)
наука за виното и за правење вино
гран кри (grand cru)
вино со географско потекло, коешто е произведено во определен географски регион со карактеристична почва и климатски особености
декантирање (decanting)
претурање на виното во специјален сад – декантер со цел двоење на талогот и дишење на виното
енолог (enologist)
специјалист за вино и за производство на вино
енологија (enology)
наука за виното и за производството на вино
зачински ароми (herbaceous)
вино со вкус или мирис на земјени свежи зачини и тревки како босилек, оригано, рузмарин и сллично
земјени ароми (earthy)
вино со вкус или мирис на земјени ноти како почва и габи
зреано вино (mature)
вино стасано за консумирање
зреење (aging)
чување на виното во буриња или шишиња со цел да се добие посакуваниот вкус
киселост (acidity)
природна компонента на виното што се добива од природната винска киселина на грозјето, а којашто влијае врз острината на виното
куве (cuvée)
вино добиено од определена (квалитетна) мешавина на повеќе вина од различна сорта или берба
лозарство (viticulture)
одгледување грозје и активности поврзани со лозје
мешавина (blend)
вино што се добива од повеќе различни сорти на грозје
младо вино (young)
незреано вино со свеж вкус, коешто се пие во рок од една година од производството
овошни ароми (fruity)
вино со вкус што потсетува на овошје и овошни ноти
оксидација (oxidation)
појава кога виното доаѓа во контакт со кислород којшто има штетно влијание врз виното
освежителни ароми (vegetal)
вино со вкус или мирис на зеленчукови ноти како црн пипер, аспарагус и слично
острина (astringency)
вкус на виното којшто се манифестира како остар, горчлив или сув вкус во устата по дегустација на вино
слатко (sweet)
десертно вино со слатки ноти
сомелиер (Sommelier)
лице со познавања на винска култура, коешто служи вино и дава препораки за нарачување вино
сорта (grape variety)
сорта на грозје што се користи за производство на определен вид вино
суво (dry)
вино со ниско ниво на слаткост, почнувајќи од многу суво до полу суво вино
танини (tannins)
фенолни соединенија што се наоѓаат во кората, лисјата, семето и лушпата на грозјето и предизвикуваат горчлив и сув вкус на виното
тело на виното (body)
интензитет на определна винска сорта, на пример вината од црната сорта грозје имаар полно тело, додека вината добиени од пино ноар најчесто се со лесно тело
текстура (texture)
термин со кој се опишува вкусот на виното при дегустација
тероар (terroir)
уникатни карактеристики на определено подрачје, коишто влијаат врз вкусот и квалитетот на сортата на грозје што се произведува на тоа подрачје
трпезно вино (table wine)
вино од среден квалитет, коешто не содржи повеќе од 14% алкохол и е погодно за консумирање со храна
ферментација (fermentation)
биохемиски процес на претворање на шеќерот на грозјето во алкохол со помош на габи