Политика на приватност
Оваа Политика на приватност ги опишува видовите на лични податоци кои се зачувуваат во Restorani.mk и начинот на кој собраните лични информации се користат.
Оваа Политика на приватност се однесува само на веб страната на Restorani.mk и на сите поддомени. Доколку преку нашата веб страница е обезбеден линк до други веб страници ве информираме дека ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страници.
Со самиот пристап и регистрација на веб страната на Restorani.mk изјавувате дека сте запознаени и сте согласни со содржината на нашата Политика на приватност..
Примарната цел заради која собираме лични информации е да овозможиме подобри услуги и содржини. Информациите кои ги собираме ни овозможуваат детално да ги анализираме движењата на нашите посетители, да вршиме внатрешно следење на сајтот и статистички да пристапиме кон решавање на проблемите и подобрување на нашите услуги.
Ние собираме лични информации кои најчесто вклучуваат ваше име, презиме и телефонски број (само во случај доколку истото од вас е доставено на вашиот профил, во коментар, во е-маил порака и сл.), ИП (интернет протокол) адреса, и-мејл адреса, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативен систем на компјутерот, временската зона и јазикот кои автоматски се складираат од страна на серверот и алатките за аналитика во статистички бази. Во одредени периоди и услови, може да собираме и дополнителни информации за потребите на некоја промоција или акција, но во тој случај тоа ќе биде дополнително истакнато.
При вашата посета на Restorani.mk, мал фајл со информации е складиран во вашиот компјутер наречен "колаче" (англиски: cookie), кој овозможува пристап до некои од услугите и им помага на нашите веб администратори да ја контролираат и анализираат посетеноста и активноста на овој сајт и да објавуваат подобри содржини. Може да изберете вашите интернет прелистувачи да го оневозможуват користењето на "колачиња" (анг.: cookies), но со тоа некои делови од нашите услуги може да бидат недостапни за вас, како на пример системот за брза резервација.
"Колачињата" исто така овозможуваат, доколку имате одберено, зачувување на вашата лозинка со што би избегнале постојано внесување на истата.
Restorani.mk може да користи и некои други технологии кои ќе овозможат подобрување на вашите он-лајн искуства и кои автоматски може да ги дообработуваат горенаведените податоци кои ни ги доставувате со вашата посета.
Restorani.mk на најдобар можен начин ќе се обиде да ги заштити вашите лични информации, но со самото користење на сајтот вие се согласувате дека нема да ги сметате Restorani.mk за одговорни доколку таквите информации бидат украдени, ненамерно објавени или случајно изменети и дека нема да преземате било какви правни мерки или да барате оштета. Секако дека ќе се обидеме на најдобар можен начин никогаш да не дојде до такви ситуации, но правно-формално мораме да го потенцираме тоа.
Restorani.mk исто така може да користи дел од личните информации за да овозможи маркетинг понуди. Ние никогаш целосно не ги споделуваме информациите со некоја друга компанија ниту пак ги продаваме или изнајмуваме.
Го задржуваме правото без никакво претходно известување да ја измениме полисата за приватност, но притоа се обврзуваме за секоја позначајна промена да ве известиме преку сајтот. Променетите услови стапуваат на сила по јавното известување.
Порталот и сите останати наши услуги не се наменети за лица под 18 години и секакво регистрирање на лица помали од 18 години не е препорачливо, а во одредени случаи е и законски забрането. Доколку е потребно да се овозможи пристап или регистрација за лице под 18 години, потребно е родителот/старателот да ја контактира редакцијата и секогаш при процесот на користење на услугите на Restorani.mk од страна на лицето, мора да постои надзор од возрасен.