Restorani.mk се грижи за своите корисници
Restorani.mk на своите корисници им нуди иновативни и квалитетни интернет услуги. Имено, restorani.mk спроведе кампања под мотото "Биди одговорен, не вози под дејство на алкохол". Фокусот на оваа кампања е всушност безбедноста во сообраќајот, и е во организација на www.restorani.mk, вклучувајќи ги такси компаниите и рестораните во Скопје. Оваа кампања има за цел да ги мотивира граѓаните да се однесуваат одговорно и да ги потсети да не управуваат со моторно возило откако ќе посетат ресторан и ќе консумираат алкохол.
Наградата за секој одговорен учесник во оваа кампања е ваучер во износ од 100 денари, кој може да се искористи за такси превоз до посакуваната дестинација. Со секоја он-лајн резервација направена преку restorani.mk, гостите ќе го добијат овој ваучер во ресторанот кој го посетуваат. На овој начин, веруваме дека ќе помогнеме и ќе дејствуваме да ја подигнеме свеста на граѓаните и сето тоа ќе резултира со намалување на бројот на сообраќајни незгоди во нашиот град. Се стремиме кон тоа да ги поттикнеме возачите во метрополата да го користат јавниот превоз во секоја прилика кога консумираат алкохол.
Како да резервирате онлајн?
1. Одберете го ресторанот каде сакате да резервирате.
2. Одберете датум и време.
3. Број на лица.
4. Направи резервација.
Комплетно бесплатно. Без телефонски повик. Со екслузивни попусти и привилегии.
Во зависност од денот и времето на вашата резервација, повеќето ресторани нудат ексклузивни попусти од 10% до 30% на целата сметка за нашите корисници, а некои од нив ви доделуваат и такси ваучер. Корисниците можат да одберат дали ќе користат попуст или такси ваучер. Во рок од неколку минути ќе добиете одговор по СМС за статусот на резервацијата (дали е потврдена или откажана).
(Вашата резервација е потврдена, СУПЕР, добивте 50 поени на вашата сметка. Доколку има попуст за бараниот термин ќе добиете потврда за попустот по СМС, пред барање на сметка од вашиот келнер треба да му нагласите дека Ви следува попуст или такси ваучер).
Ако вашата резервација е одбиена (нема слободни места во ресторанот за бараниот термин) обидете се со резервација во некој од другите актуелни ресторани.
Вредносен ваучер
Бидејќи restorani.mk се грижи за своите корисници, ние во нашиот систем воведовме начин на кој корисниците ќе можат да собираат поени со секоја резервација и да добијат вредносен ваучер.
Собирањето на поените се одвива на следниот принцип:
-Со првата онлајн резервација добивате 100 поени.
-Ако препорачате пријател со првата негова резервација и Вие и тој добивате по 150 поени.
-Со секоја наредна резервација добивате 50 поени.
-Со секој оставен коментар/оценка по посета на ресторанот добивате 25 поени.
-Со собрани 500 поени добивате ваучер од 500 денари кој може да го искористите во нашите ресторани партнери.