08 Oct, 2019

Неделна програма на настани во ресторан FOUR

Неделна програма на настани во ресторан FOUR

Tрадицијата е секогаш водилка низ животот. Овојпат водени од идејата
да го подготвиме најдоброто од нашата домашна кујна, креиравме специјално мени наменето за уживање на сите сетила, преку вкусот на традицијата и совршенството.

Секој понеделник во FOUR со почеток во 20:30, акустична вечер со
Светлана Јовановска и Горјан Стојменовски. Уживајте во уште помагичен
амбиент, со вашите омилени пијалоци, коктели и специјалитети кои нашите шеф мајстори само за вас ги подготвуваат секој ден во живо.

Соберете ги пријателите, време е за блуз! Нема ништо поубаво од вкусна
храна, добро вино и одлична музика. Секој вторник уживајте во неверојатните "IN THE MOOD" во FOUR.

Секој четврток од 21 часот  уживајте во ретро вечер со миксот на Вера Јанкович.

Суши викенд

Го прославуваме интернационалниот суши ден, со специјална промоција за
најголемите љубители на суши. Oд четврток до недела, вкусето го
најдоброто суши во градот подготвено од нашиот шеф Тојоко.