За Нас
Гостилницата "ДМ" на своите гости им нуди одлична и вкусна храна, комбинирана со брза и љубезна услуга веќе десетина години наназад. И, низ тие години, од скромно место за оброк прерасна во една од најпознатите скопски гостилници за дружење. Какви гости најчесто имате, а какви гости преферирате?
Нашите гости, од кои голем дел се редовни во нашиот ресторан, се од најразлични профили. На масите во "ДМ" седат студенти, бизнисмени, политичари, дипломати и лица од јавниот живот. Но, што работат нашите гости и каква функција имаат за нас е најмалку важно, секој што ќе не посети ќе може да ужива во добрата македонска кујна и љубезната услуга на нашиот персонал.
Какви специјалитети имате? Кој е специјалитет на вашата кујна? Приготвуваме најразлични јадења од македонска кујна, со акцент на јадењата на скара. Но, како наш специјалитет би ги издвоиле пилешкото и свинското месо исечкани на парчиња со зачини и испечени на скара, потоа плескавицата, раженчето, колбасот...
Каква музика има во ресторанот? За разлика од многу други ресторани, во "ДМ" не настапуваат музички групи. Музиката не ни е приоритет, бидејќи сметаме дека луѓето кои доаѓаат знаат дека "ДМ" е место за муабет во пријатна, мирна атмосфера, во комбинација со одлично јадење.
Разните гласови, пријателски разговори, по некоја гласна насмевка се музиката во нашата гостилница...
Детали
Понеделник 09:00 - 00:00 Нема настани
Вторник 09:00 - 00:00 Нема настани
Среда 09:00 - 00:00 Нема настани
Четврток 09:00 - 00:00 Нема настани
Петок 09:00 - 01:00 Нема настани
Сабота 11:00 - 01:00 Нема настани
Недела 11:00 - 18:00 Нема настани