За Нас
Ресторанот Бисер е отворен во 1991 година, првобитно во форма на мал угостителски објект кој низ годините поминал низ определен еволутивен развој и повеќекратно ентериерни и екстериено преуредување за да се развие во ресторан со капацитет од 370 гости, кој од 1998 година е посветен на свадбените веселби и други видови свечености.
Концептот на нашиот ресторан е дека секоја веселба е Ваше специјално и неповторливо доживување, кое ние сме должни да го претвориме во Ваше задоволство преку сите оние пријатни моменти кои треба да ги почусвувате за време на Вашиот престој во нашиот ресторан. Овој концепт надополнет со прекрасниот елегантен амбиент аранжиран со соодветен декор за Вашата веселба, како и незаборавните гастрономски уживања во нашето разновидно мени прилагодено за Вашите желби и можности, беспрекорно послужено од гостопримливиот персонал е најдоброто решение за вашата веселба.
Погоре наведениве карактеристики се причина што ресторанот Бисер и покрај повеќе децениско постоење, беше и остана една од омилените дестинации за Вашите семејни веселби.
Детали
Понеделник 10:00 - 00:00 Нема настани
Вторник 10:00 - 00:00 Нема настани
Среда 10:00 - 00:00 Нема настани
Четврток 10:00 - 00:00 Нема настани
Петок 10:00 - 01:00 Нема настани
Сабота 10:00 - 01:00 Нема настани
Недела 10:00 - 00:00 Нема настани